Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ги искажа своите импресии по убедливиот пораз од Интер со 5-1. Според Пиоли, Интер одиграл попаметно од неговиот тим во решавачките мигови.
Предводникот на Милан кажа дека овој натпревар ќе му послужи на тимот да расте и да не ги повторува грешките.
„Попуштивме во миговите кога се чинеше дека можеме да се вратиме. Третиот гол беше штетен за нас, и му го подаривме на противникот. Имавме целосна контрола на топката, дадовме гол, а потоа стигна и третиот гол и не исфрли од колосек. Не е убаво кога ќе се загуби дерби, особено не со ваков резултат, но Интер во решавачките моменти делуваше попаметно. Денеска тоа беше разликата. Сите знаат дека одбраната на Интер тешко се пробива. По првиот гол играта се одвиваше по нивно темпо, и максимално ги искористија шансите. Кај нас немаше реализација. Сега е важно да се подготвиме за ЛШ, а се надевам дека овој меч ќе ни послужи да растеме, и покрај тоа што резултатот е суров за нас“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

