Пиоли лут на судијата: Пеналот за Аталанта беше премногу „мек“

Стефано Пиоли не го криеше разочарувањето откако Милан ремизираше на домашен терен против Аталанта, меч на кој „росонерите“ беа подобар противник, но останаа само со еден бод по примениот гол од пенал пред самиот крај од првото полувреме.

Стратегот на Милан јасно стави до знаење дека судиите згрешиле што покажале на белата точка по стартот на Жиру над Холм по еден корнер на гостите од Бергамо.

„Пеналот за Аталанта беше премногу „мек“ и јас никогаш не би го досудил. Прво, Холм се фаќа со рацете за главата и се витка жалејќи се дека е удрен во главата, а јасно е дека воопшто нема контакт ниту во близина на нееговото лице. Згора на тоа, Орсато е судија со критериум да не се судат многу прекршоци освен ако нема посилен контакт, што не се случи при овој старт. Јасно е дека има многу пенали против нас во последно време, дел од нив се должат на наша деконцентрација во одредени моменти, но дел е и поради чудни судиски критериуми што не ги разбирам“, изјави Пиоли.

Милан со ова реми остана на третото место на табелата, сега со 13 бода заостанување и меч повеќе во однос на лидерот Интер.

Се вчитува...