Милан ќе игра против Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на Европа, а тренерот на италијанскиот тим, Стефано Пиоли, верува дека „црвените ѓаволи“ се први фаворити за освојување на турнирот. Натпреварите се играат на 11-ти и 18-ти март, а првиот натпревар помеѓу Милан и Јунајтед ќе се игра во Англија на „Олд Трафорд“.
По 11 години, ова ќе биде првиот судир на овие две екипи, тогаш Манчестер Јунајтед го „нокаутираше“ Милан во осминафиналето од Лигата на шампионите со вкупен резултат од 7-2. Тоа беше единствениот двомеч во историјата во кој Јунајтед го исфрли Милан од европските натпреварувања.
“Ќе биде стимулативен и мотивирачки натпревар за нас. Се среќаваме со најголемиот фаворит на ова натпреварување. Тоа е противник и стадион што не потсетува на славните моменти од нашата историја”, рече Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА