Актуелниот шампион на Серија А, тимот на Милан денеска ја почнува новата сезона против Удинезе од 18.30 часот.
Во пресрет на овој дуел, тренерот Стефано Пиоли изјави дека е задоволен од тоа како делува тимот, но исто така посочи дека голем дел од фудбалерите се уште не го достигнале нивото.
„Милан е силен, но на теренот ќе се види дали сме посилни од минатата година. Го видов во очите на играчите истиот дух и ова ми дава причини да размислувам позитивно. Никој од нас сè уште не го достигна своето максимално ниво … мислам дека овој тим допрва ќе го покаже најдоброто од себе“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА