Милан вчера загуби од Челси во 4. коло во Лигата на шампионите, и така остана на четири освоени бодови. „Росонерите“ во последните две кола ќе мора да бркаат победа во Загреб против Динамо и против Салцбург на домашен терен, за да се пласираат во следната фаза.
Одлучувачки на вчерашниот меч со Челси беше црвениот картон уште во 18. минута на Томори, и досудениот пенал. Тренерот Стефано Пиоли по натпреварот ја коментираше играта како и одлуката на судијата да го остави тимот со играч помалку и да досуди пенал.
„Натпреварот започна добро и имав чувство дека можеме да помиенме добро. Пеналот и црвениот картон ја сменија играта. Имавме можности повторно да се вратиме во мечот. Штета, мислам дека можевме подобро. Судијата!? Му кажав што имам да му кажам по мечот. Го прашав дали работи ВАР системот. Не зборувам добро англиски, но мислам дека ме разбра“, рече Пиоли.
Тој додаде дека верува на пласман на Милан во следната рунта.
„Верувам во пласман и мора сите да веруваме. Во Загреб одиме да го играме нашиотфудбал, а истото важи и за последниот меч. Скапо го плативме пеналот и црвениот картон. Благодарам на навивачите за поддршката“, кажа Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА