Италијанскиот стратег на клупата на Ал-Наср, Стефано Пиоли, привлече сериозно внимание во светската фудбалска јавност коментирајќи го еден од најдобрите фудбалер на 21. век, Кристијано Роналдо.
Пиоли вели дека е импресиониран од работната етика и професионализмот на Португалецот, иако е свесен дека неговата кариера е скоро пред самиот крај.
„Без разлика на возраста неговата работна етика и професионалност се на едно навистина завидно ниво. Културен е, воспитан, има почит за своите соиграчи и никому не му се наметнува како голема ѕвезда, без разлика не сите негови успеси и достигнувања. Тој секако е неверојатен играч и отсекогаш бил голем шампион“ – вели Пиоли, притоа дополнувајќи:
„Тој знае дека крајот на кариерата полека се наближи, но тоа е сосема нормално. Знае дека не може вечно да игра фудбал. Но, навистина едно такво име ме импресионира секој ден на тренинзите и на натпреварите. Тој е најголемото изненадување за мене откако пристигнав тука“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА