Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека нема намера да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Сепак, на актуелниот предводник на „росонерите“ му се заканува отказ, и веројатно Милан ќе има нов тренер од идната сезона.
За Пиоли се шпекулираше дека би можел да замине во Наполи, но тој самиот ја демантираше оваа информација.
„Посветен сум само на следниот противник. Имам договор со Милан, и не сум разговарал со никого, и не размислувам за иднината. На крајот на сезоната ќе седнеме со челниците на клубот и ќе разговараме за се“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА