Пиоли: Освојување на две титули по ред е тешко за секој тим

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли зборуваше за тоа колку е тешко успешно да се одбрани титулата во Серија „А“. Тој зборуваше и за очекувањата од дуелите со Наполи во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

Тој кажа дека тешко кој успева да биде конкурентен во Европа, особено во првенствата во кои има израмнети тимови како што е Италија.

„За секого е тешко да освои две титули во низа. Мислам дека многу тимови во Европа не успеваат во тоа. Станавме шампиони со многу млад состав, и благодарение на клупскиот проект. Со тој трофеј многу се гордееме. Почнавме да ја пишуваме сопствената историја. Оваа сезона играме и во Лигата на шампионите, тоа е возбудливо и спектакуларно. За да биде оваа сезона позитивна, треба да обезбедиме место во ЛШ и за следната сезона“, изјави Пиоли.

Стратегот на „росонерите“ напомена и дека не сакал да игра против италијански тим во Лигата на шампионите, и за Милан би било подобро да игра против тим од некоја друга земја.

„Да бидам искрен, не би сакал да се сретнам со италијански тим во Лигата на шампионите. Таму е подобро да се игра со странски екипи. Наполи е многу силен, но ние сакам да ја покажеме силата против нив. Има одлични играчи, имаат одлична сезона. Сите тимови тука се силни, и ќе биде тешко за сите“, изјави Стефано Пиоли.

Се вчитува...