После долги години, Милан е пред шампионска промоција во Серија „А“, а веќе втора година по ред ќе биде учесник во Лигата на шампионите, што до неодамна беше невозможно за „росонерите“. За големото искачување на Милан заслугите одат на Пиоли, а сега „црвено-црните“ се блиску до Скудетото, после 2011 година. Неопходни им се само четири бода од последните две кола.
Тренерот Стефано Пиоли знае каде неговиот тим доживеал пресврт, и каде се родил тој победнички менталитет. Интересно, Пиоли вели дека после поразот од Аталанта 5-0, работите се смениле за Милан.
„Мислам дека овој Милан е роден после понижувачкиот пораз од Аталанта во декември 2019 година (тогаш Милан загуби 5-0). Тогаш првпат сфативме што ни е потребно за развој. Беше тоа недела на најмногу лоши моменти во мојата кариера, но многу научивме од тој пораз“, рече Пиоли.
Во претпоследното коло Милан ќе ги одмери силите токму со Аталната на „сан Сиро“. Пиоли кажа дека е вљубен во моменталниот тим на Милан, а посебно ги пофали Снадро Тонали и Рафаел Леао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА