Миланското дерби заврши нерешено 1:1. Во интересен натпревар во кој имаше реализиран и промашен пенал, автогол и многу шанси на двете страни, на крајот поделбата на бодовите е можеби реален исход.
Двајцата тренери Стефано Пиоли и Симоне Инзаги после мечот за италијанските медиуми ги искажаа импресиите.
„Тимот даде максимум. Имавме проблеми на почетокот, а потоа добро париравме. Имавме одличен настап против силен противник. Интер е силна екипа, а ние имаме некои проблеми во текот на мечот, но важно е што одигравме тимски и во целина ги реализиравме нашите идеи. Покажавме желба да дојдеме до победа, по понекогаш тоа не е доволно“, рече Пиоли.
Неговиот колега Симоне Инзаги смета дека Интер заслужил повеќе според шансите.
„Игравме против екипа која е на самиот врв на табелата. Можеби и двата тима можеа технички да одиграат подобро, но во секој случај тоа беше добар натпревар. Мислам дека заслуживме повеќе за создадените шанси. Изведувачи на пенали се Лаутаро, Чалханоглу и Перишиќ. Ако реализиравме повеќе пенали сезонава, ќе имавме повеќе бодови сигурно. Освен во последните минути од мечот, сметам дека добро ја држевме контролата на мечот и повторно ќе кажам, заслуживме многу повеќе“, смета Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА