Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, го коментираше ремито со Емполи. Неговиот тим синоќа одигра без голови на свој терен, иако се очекуваше сосема поинакво издание од „росонерите“, со оглед дека изминатата недела го „растури“ Наполи на негов терен со 0-4.
Во финишот на Милан му беше поништен и гол на Жиру за победа, откако ВАР судиите видоа дека Французинот при погодокот играл со рака.
„Тоа сигурно не е резултатот кој го посакувавме и мислам дека во првиот дел требаше повеќе да притиснеме. Во вториот дел направивме се да дадеме гол, но топката едноставно не сакаше во гол. Разочаран сум, ние сме Милан и мора да го победиме Емполи на свој терен. Очекувавме голови од напаѓачите, но тоа не се случи. Мораме да реагираме подобро во шеснаесетникот, не само со напаѓачите, туку и со бековите. Ребиќ и Ориги не ги реализираа своите шанси. Кога еден тим доминира, а не постигнува гол, тоа е проблем“, коментираше Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА