Стефано Пиоли изјави дека е среќен во Милан, па истакна дека би можеж и заскогаш да остане во клубот, но свесен е дека фудбалот е непредвидлив и составен од периоди. На Италијанецот одлично му оди во Милан, неговиот договор е до крајот на оваа сезона, но во наредниот период се очекува да го продолжи.
Пиоли проговори и за одличниот однос со Златан Ибрахимовиќ кој делува и како негов асистент, особено во периодите кога е надвор од стројот поради повреда.
„Би можел среќно да останам во Милан засекогаш, но знам дека фудбалот е полн со непознаници и неочекувани динамики. Се што можам да кажам е дека сум многу среќен тука … Што се однесува до Ибра, тој останува голем фудбалер и важен ресурс за нас. Златан прави се што може за да се врати на теренот. Никогаш нема да биде товар за нас, туку важен ресурс кој му помага на тимот да расте“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА