Тренерот на Милан, Стефано Пиоли ја коментираше големата победа на својот тим над Интер во дербито „Дела Мадонина“. Иако неговите избраници имаа негатива, сепак, со пресврт стигнаа до 3-1, а потоа само Џеко успеа да намали.
Пиоли рече дека тимот играл одлични 70 минути, и дека е горд на оваа победа.
„Игравме убаво 70. минути. Игравме навистина како силен тим. При 3-1 мислевме дека е готово, и направивме голема грешка. Мораме да научиме од таа грешка и да не дозволиме да се повтори. Беше луд натпревар. На 3-1 имавме шанса да го завршиме натпреварот, а потоа Џеко погоди за 3-2, но на крајот добро се снајдовме. Мањан? Тимот може да ме изненади, но Мањан веќе не ме изненадува“, рече Пиоли.
Голманот на Милан се истакна со две супер интервенции во финишот, особено онаа по ударот на Чалханоглу кога топката одеше во аголот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА