Стефано Пиоли не ја криеше гордоста откако неговиот Милан успеа да го елиминира Наполи и да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите, прв пласман на „росонерите“ меѓу најдобрите четири во Европа
Скромниот стратег уживаше во новиот успех против лидерот на табелата во Серија А, потсетувајќи се дека наполитанците биле задоволни по извлекувањето на двојките за четвртфиналето од ЛШ.
„Победивме со срце, енергија и со самодоверба. Добро се сеќаваме дека нашиот европски пат почна со Рио Аве. Знаеме дека сите на нас гледаа како на аутсајдери, но уште еднаш покажавме дека можеме да одиграме извонредно кога малкумина веруваат во нас. Тоа што имавме предност од првиот меч придонесе денеска повеќе да внимаваме на одбраната, самото тоа што тие го имаа Осимен во тимот, ние моравме да се браниме подлабоко и да не му дозволуваме да втрчува зад последната линија, бидејќи таму е незапирлив. Горд сум на мојот тим, видот извонредна група играчи кои веруваат еден на друг и на колективот, тоа ни го донесе овој успех“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА