Стефано Пиоли има голем респект за Наполи откако неговиот Милан го доби токму лидерот на Серија А за противник во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.
Сепак, на тренерот на „росонерите“ не му се допаднаа информациите на италијанските медиуми, дека во таборот на „наполитанците“ се славело кога ждрепката го извлече токму Милан за нивни ривал.
„Во Наполи славеле кога го добиле Милан за противник? Не знам што да кажам, секако не е добро и јас никогаш не би го направил тоа, јас секогаш славам откако ќе ги добијам натпреварите, никогаш порано. Ќе видиме што ќе се случува на терен, јас секако имам максимален респект за Наполи и за Лучијано Спалети, кој е извонреден стратег. Наполи е неприкосновен тим во Калчо-лигата, но ова е Лига на Шампиони, а Милан е Милан“, изјави Пиоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА