Пиоли: Знам дека никој не верува дека можеме до финале, но…

Интер и Милан вечерва ќе го одиграат реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите. По првиот меч Интер има предност од 0-2 откако одигра феноменална партија на „Сан сиро“ пред седум дена.

Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли вели дека е свесен дека никој не верува дека тие можат да стигнат до финалето, но дека тие се тука да ги демантираат прогнозите…

„Имаме една цел, да победиме. Доколку победиме, можеме да стигнеме до финале. На стартот од сезоната ретко кој веруваше дека Милан може да стигне до финале, знам дека сега речиси никој не очекува да играме финале но во исто време знам дека можеме да одиграме добар натпревар. Веруваме во кам-бек бидејќи сме Милан, бидејќи имаме прикажано квалитетни партии, бидејќи имаме индивидуалци кои со еден потег можат да го решат натпреварот“, вели Пиоли.

Натпреварот меѓу Интер и Милан кој ќе се игра на „Џузепе Меаца“ е закажан за вечерва од 21 часот.

Се вчитува...