Пионерите на Шкендија во финалето подобри од Брегалница го освоија Купот на Македонија

Фудбалерите на Шкендија се освојувачи на Купот на Македонија во категоријата помлади пионери.

Во денешното финале кое се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје, пионерите на Шкендија славеа со 3-2 против врсниците од ФК Брегалница Штип.

Во главно израмнет натпревар со максимална неизвесност до самиот крај, Шкендија поведе уште во 4. минута со голот на Албион Муслии. Но, Брегалница брзо израмни на 1-1 во 11. минута со голот на Александар Нехтенин.

До крајот на првото полувреме, Шкендија поведе со 1-2 со голот на Хисар Али во 33. минута, а во 43. минута на 1-3 зголеми Едис Бајрами.

Во второто полувреме, Стефан Антониев со гол за штипските „сини“ успеа да намали на 2-3. Брегалница до крајот се обидуваше да дојде до израмнување, но не успеа во тоа.

Се вчитува...