По вчерашните две освоени титули во Купот на Македонија во кадетска и во младинска конкуренција, Работнички имаше можност да се закити со трофејот во најмасовното домашно клупско натпреварување и во пионерска конкуренција, но во тој обид беа запрени од Вардар.
Пионерите на Вардар, во денешното финале во Охрид, до трофејот во Купот стигнаа со пресврт победа од 2-1 (0-1) во драматичен финиш во кој двата погодоци ги постигнаа во последните пет минути.
Работнички дојде до водство уште во 3. минута со голот на Марко Тасев, и тоа водство го чуваа се до 75. минута кога израмни Георгиевски. Кога се чинеше дека дуелот ќе оди во продолжение, во судиското продолжение од регуларниот дел капитенот на Вардар, Бериша со убав гол со глава во 81. минута донесе 2-1 за конечна победа и славје на „црвено-црните“.
Денеска во Охрид, од 17:30 часот, останува уште да се одигра и финалето во Купот на Македонија за помлади пионери меѓу Металург и Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА