Скоти Пипен, поранешниот ас на Чикаго Булс е во центарот на вниманието на американската кошаркарска јавност по седмиот натпревар од финалната серија во НБА лигата помеѓу Оклахома и Индијана кој го одреди освојувачот на шампионскиот трофеј.
Пипен кој во кариерата освои шест шампионски првенстени без да игра седми натпревар во серија објави порака на социјалната мрежа „Х“.
„НБА Финале… натпревар број 7? Никогаш не сум слушнал за тоа“, напиша Пипен кој потоа додаде: „Извинете не ве слушам. Овие шест прстени се прегласни“.
Оклахома Сити Тандер ја освои титулата со триумф над Индијана продолжувајќи ја традицијата на одбрана на домашниот терен во натпреварите број седум. Од 20 одиграни вакви натпревари само четири им припаднале на гостите, а дури 16 на домаќините.
Sorry, can’t hear some of you. These 6 rings are too loud. 🤣🏆
— Scottie Pippen (@ScottiePippen) June 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

