Пипен пак критикува: Мајкл Џордан ја уништи кошарката, за мене Леброн е најдобриот на сите времиња

Скоти Пипен ја продолжува војната со Мајкл Џордан, откако поранешниот кошаркар на Чикаго булс се почувствува навреден од начинот на кој беше претставен во документарецот „Последниот танц“.

Во последниот напад кон Џордан, Пипен порача дека токму „Ем-Џеј“ ја расипал кошарката како спорт и дека на него не треба да се гледа како на најдобриот на сите времиња. Овој епитет според Пипен треба да му припадне на Леброн Џејмс, кој стигнуваше до шампионскиот прстен со три различни тимови во НБА-лигата.

„Ќе одам толку далеку што ќе кажам дека Џордан ја уништи кошарката. Во осумдесетите години на терените, сите се додаваа меѓу себе, играа за да му помогнат на тимот. Тој тренд престана во девеесеттите години, сите деца сакаа да бидат „како Мајкл“. А Мајкл не сакаше да додаде, не сакаше да се мачи да скокне под обрачот, ниту пак да го чува најдобриот противнички играч. Тој сакаше сите да прават се за него, за Џордан да постигне најмногу поени и сите да го фалат. Затоа секогаш сум велел дека Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар на сите времиња, тој прави се за тимот и го претставува она што кошарката како спорт е во суштина“, изјави Пипен.

Се вчитува...