Италијанската компанија за гуми Пирели ќе добие нов договор со Формула 1. Како што јави Би-Би-Си, договорот ќе трае од 2025 до 2027 година, со можност за продолжување на соработката во 2028 година.
Во сериозна конкуренција за договорот со Формула 1 беше јапонскиот Бриџстоун. Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) одобри снабдувач да биде Бриџстоун, но по бројни дискусии, претседателот на Формула 1 Стефано Доменикали го избра Пирели.
Одлуката на Формула 1 дојде и покрај тоа што Пирели му кажа на Доменикали дека од 2027 година најверојатно ќе го прекине своето учество на највисокото ниво во спортот. Извор на Би-Би-Си потврди дека ова ќе биде последен договор на Пирели со Формула 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА