Пирло: Каде пишува дека Роналдо не смее да биде заменет?

Кристијано Роналдо со два гола беше најзаслужен за победата на Јувентус на гостувањето против Интер, а Португалецот беше видно разочаран од одлуката на Андреа Пирло да го повлече од игра во 76. минута, кратејќи му ја шансата за хет-трик на „Џузепе Меаца“.

Стратегот на Јувентус по мечот го поздрави карактерот на тимот и големиот триумф, а на прашањето околу замената на Роналдо јасно стави до знаење кој е „шеф“ во најтрофејниот италијански клуб.

„Каде пишува дека Роналдо не смее да биде заменет. Ако го има тоа во договорот, покажете ми го“, прокоментира Пирло.

Се вчитува...