Андреа Пирло немаше почеток на тренерската кариера каков што посакуваше. Брзо заврши неговата авантура во Јувентус, а сега е без работа. Но, наскоро сето тоа би можело да се смени.
Пирло сега е блиску до превземање на последнопласираниот тим во Серија „А“, Салернитана кој речиси нема никакви шанси да опстане сезонава во „елитата“ на Италија.
Претходно четири тренери ја одбија понудата од овој клуб. станува збор за Колантуоно, Гатузо, Роси и Раниери. Но, сега сопственикот Валтер Сабатини сака да се обиде со Пирло и се надева на позитивен одговор. Проблем е само што овој тим со една нога е во Серија „Б“, но за Пирло тоа би било шанса да ја оживее својата тренерска кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА