Пирло: Кога не сме одлучни, тогаш се мачиме на теренот

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло е задоволен од победата на неговиот тим над Сасуоло со 3: 1, и покрај тоа што неговиот тим не прикажа најдобра игра.

По триумфот над Удинезе и Милан, „Старата дама“ не блескаше, но забележа значајна победа.

„Вечерва бевме малку невешти, но покажавме доволно желба да ја заслужиме победата. Беше важно да се задржи континуитетот на победи, во спротивно победата над Милан ќе немаше никакво значење“, изјави Пирло.

Сега Јуве има 33 бода на четвртата позиција и има натпревар помалку од Рома (34 бода), Интер (37) и Милан (40). Сасуоло е седми со 29 поени.

„Сега го чекаме дуелот со Интер, тоа ќе биде инетересен и тежок натпревар што ќе ја зголеми концентрацијата и напнатоста. Ние сме шампиони и навикнати сме на вакви натпревари, во Јувентус, секој натпревар е финале, секогаш има притисок“, Андреа.

Пирло посочува дека неговиот тим има направено најголем напредок во зацврстување на самодовербата во последните неколку недели, па ова ќе биде и главното оружје на неговиот тим за уште една голема и значајна победа која ќе го доближи Јуве до врвот од Сериа А.

Се вчитува...