Пирло револтиран и покрај убедливата победа: Моите фудбалери се самобендисани и егоистични!

Јувентус синоќа рутински славеше убедливо со 1-4 на гостувањето против Ференцварош во Будимпешта во 3. коло од Лигата на Европа. Алваро Мората ги постигна првите два гола, Пауло Дибала следните два за тимот од Торино, а Боли во 90. минута само малку го ублажи поразот на домашните.

Но, се до 60. минута беше само 0-1 за Јувентус. Токму поради тоа и Андреа Пирло е повеќе задоволен од резултатот на мечот, отколку од играта на неговиот тим.

„Мораше да играме многу подобро. Направивме многу грешки само од чиста самобендисаност. Многу разговарам со играчите, но тие се тие кои одлучуваат кога се на терен. Можеа да бидат помалку егоистични и порано да го одлучат натпреварот“ – изјави по мечот тренерот на Јувентус.

Се вчитува...