Пирло заминува и покрај ЛШ, Гасперини нов тренер на Јувентус!?

Џан Пјеро Гасперини би можел да биде новиот тренер на Јувентус, пренесува „Газета дело спорт“.

Гасперини играчката кариера ја почна во Јувентус, а по крајот на кариерата работеше во младите селекции на Јуве, за да од 2016 години е на клупата на Аталанта. А, единствениот клуб за кој би можел да ја напушти Аталанта е токму Јувентус.

„Старата дама“ успеа да се избори за Лигата на шампионите само поради неочекуваното реми (1-1) на Наполи дома со Верона во последното коло. Па, и покрај тоа, неизвесна е судбината на Андреа Пирло.

Раководството на Јувентус се очекува денеска или утре да ја соопшти одлуката дали Пирло ќе остане на клупата или ќе има нов тренер. Покрај Гасперини, и Макс Алегри и Зинедин Зидан се спомнуваат како можни нови тренери на тимот од Торино.

Се вчитува...