Својот јубилеј „30 години од формирањето“, навивачката група на Тетекс, „Војводите“ го прославија со убаво пиротехничко шоу на натпреварот на „штофарите“ против лидерот во Втората лига – Запад, Струга Трим Лум.
На убав начин, една од најпопуларните македонски навивачки групи го одбележа своето постоење, како што истакнаа, во очекување и на далеку поуспешни фудбалски денови на својот клуб.
А, ако ништо друго, фудбалерите на Тетекс денеска им се оддолжија на своите навивачи со тоа што останаа непоразени во пресметката со фаворитот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА