Пирова победа на Атлетико, ПСЖ и Ботафого во нокаут фазата на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид славеше против Ботафого со 1-0 во меч од 3. коло од Светското клупско првенство, но и тоа не беше доволно за „јорганџиите“ да се пласираат во нокаут фазата од ова натпреварување.

Стрелец на победничкиот погодок за мадриѓани беше Гризман во 87. минута. 

Се направи круг од три екипи со по шест бода (ПСЖ, Ботафого и Атлетико Мадрид), а Шпанците ги чинеше убедливиот пораз од „светците“ на стартот на натпреварувањето (4-0).

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен се пласираше во нокаут фазата откако ја оправда фаворитската улога против Сиетл Сандерс.

„Светците“ славеа со 0-2, а стрелци на головите беа Квараскелија во 35. минута и Хакими во 67. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...