Пирова победа на Фенербахче: Остана без клучен кошаркар

Триумфот над Фенербахче над Баерн Минхен во 9. коло од Евролигата скапо ќе го чини клубот од Истанбул бидејќи остана без услугите на Девон Хол.

Американскиот бек заработи сериозна повреда на раката. Според информациите на турските медиуми станува збор за скршеница на метатарзалната коска и тој ќе мора да оди на оперативен зафат.

Хол кој му се приклучи на Фенербахче пред почетокот на сезоната во просек бележи 7.7 поени, 3.7 асистенции и 1.8 скокови по натпревар.

Се вчитува...