Пирова победа на МЗТ на гостувањето кај Тиват

Koшаркарите на МЗТ Скопје стигнаа до пирова победа на гостувањето кај Тиват од 65-70, во АБА 2 лигата. Откако претходно денеска Цедевита го совлада Хелиор Домжале, јасно беше дека шампионот на Македонија ги загуби сите шанси за пласман понатаму во АБА 2.

Македонскиот шампион на неверојатен начин го стартуваше натпреварот. На противникот во првата четвртина му дозволи само седум поени, а во нападот буквално го полнеше кошот од секоја позиција па по десет минути игра имаше огромни (7-30).

Домаќините заиграа далеку подобро во вториот период. Успеаја да намалат дел од негативата и на пауза да заминат со минус десет (35-45). Тиват успеа да заигра подобро и во продолжението па натпреварот да го внесе во неизвесна завршница откако на три минути до крајот стигна на само минус три (60-63).

До крајот сепак, аеродромци успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до конечен триумф од 65-70. Баковиќ и Слај со по 14 поени беа први имиња кај МЗТ, додека кај поразените Петар Кусовац постигна 17 поени.

Се вчитува...