Барселона е последниот учесник на Ф4 турнирот во Келн сезонава, откако во последната четвртфинална пресметка го елиминираше ПИК Сегед.
Каталонскиот тим загуби на реванш дуелот пред своите навивачи со 29-30, но пресуди победата во првата средба од 24-27 на гостински терен и тоа беше доволно да се елиминира ПИК Сегед.
Претходно место на Ф4-завршницата во Келн обезбедија и Нант, Фуксе Берлин и Магдебург. Ова е седми пат во низа или вкупно 13-ти пат Барселона да се најде во битката за титула во Лигата на шампионите.
Фримел беше најефикасен кај ПИК Сегед со 10 гола, а Дика Мем беше најдобар поединец кај Барселона со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

