И кратовски Силекс ја заврши годинашната своја европска одисеја уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
Кратовци триумфираа со 2-1 против црногорскиот Дечиќ на реванш дуелот од првото квалификациско коло, но сето тоа не беше доволно за продолжување на европското лето, по оној пораз минатата недела во Црна Гора од 2-0.
Гостите експресно брзо дојдоа до предност од 0-1 на дуелот кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со голот на Стриковиќ уште во 3. минута од средбата.
Но, Алиќ во 28. минута постигна гол за 1-1 по првите 45 минути на дуелот.
Во второто полувреме, Силекс беше далеку подобар тим на теренот и сето тоа резултираше и со втор гол за водство од 2-1 преку Хрвановиќ во 80. минута. Во крајно драматична завршница, во која тимот на Александар Васоски силно атакуваше и до трет гол кој ќе донесе продолженија, сепак на крај гостите не дозволија нов погодок за пласман понатаму во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

