Ракометарите на Шпанија, Португалија, Чешка и Унгарија се пласираа на Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка по вторите бараж натпревари.
Србија на натпреварот против Шпанија бркаше негатива од четири голови, а и покрај тоа што уште од самиот старт стигна до посакуваната предност, потоа имаше и предност од шест голови во повеќе наврати во второто полувреме, „Орлите“ не успеаја да ја задржат посакуваната предност па надежите за место на светскиот собир завршија со пирова победа од 25-22.
Босна и Херцеговина и покрај тоа што се покажа во подобро светло против Португалија и успеа да стигне до реми од 26-26, не успеа да ја анулира двоцифрената негатива од гостувањето на Пиринејскиот полуостров.
Чешка беше доминантна на домашен терен славејќи со 29-20 против Романија притоа анулирајќи ја негативата од еден гол од првиот меѓусебен натпревар, додека Унгарија без маки одново ја потврди фавортската улога против Литванија славејќи со 36-23 и во вториот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА