Ракометарите на Пелистер не успеаја да обезбедат европски излез во следната сезона и покрај победата во последното коло од шампионатот на Македонија на гостувањето против Охрид.
Пелистер, предводен од Стевче Алушовски, славеше со 26-27 (13-13) на гостински терен против Охрид, но сепак и покрај израмнетото бодовно салдо со охриѓани, Охрид заврши на 3. место на табелата, а Пелистер како петтопласиран во кругот на израмнетите три екипи, заедно со Работник, со што остана без настап на европската сцена во следната сезона.
Охрид беше подобар на почетокот од дуелот преземајќи го водството, но Пелистер во континуитет со добра игра успеа да стигне до пресврт. Во самиот финиш Везенковски со одличната игра донесе пресврт и победа од 26-27.
Во шампионатот од Првата македонска ракометна лига останува уште натпреварот меѓу Борец и Вардар, на 7. јуни, кој треба да го одлучи новиот македонски шампион. Јасно е дека Вардар со триумф над Борец само формално треба да ја потврди шампионската круна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА