Пишчек останува „милионер“ уште две години

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд продолжува да се подготвува за наредната сезона. По ангажманот на Махмуд Дахуд од Борусија Менхенгладбах, раководството на „милионерите“ ја продожи соработката со полскиот интернационалец Лукас Пишчек. Тој потпиша договор до 30 јуни 2019 година.

„Среќен сум што Борусија Дортмунд има доверба во мене и горд што ќе го носам „црно-жолтиот“ дрес и во наредните две сезони. Овде се чувствувам одлично, а клубот ги има најдобрите фанови во Германија“, изјави Пишчек.

  

Се вчитува...