Шпанскиот репрезентативец и ѕвезда на Атлетико Мадрид, Коке, се соочил со непријатна ситуација на паркинг во главниот град на Шпанија, кога крадец му ставил пиштол на чело и го ограбил. Тој му го одземал насилно часовникот вреден 70.000 евра и брзо побегнал од местото на настанот. Коке настанот го пријавил во полиција, по што се упатил на тренинг со соиграчите.
Атлетико Мадрид утре му гостува на Реал Мадрид во градската дерби пресметка на „Сантијаго Бернабеу“, со почеток во 16.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА