По огромниот скандал што резултираше со прекин на натпреварот меѓу ПАОК и АЕК, денеска се јави и првиот човек на домашниот тим, Иван Савидис. Тој влета со пиштол на појасот со членови на своето обебедување на теренот, за што денеска и јавно се извини.
„Многу ми е жал. Се извинувам на навивачите на ПАОК, на сите грчки фанови и на целокупната фудбалска јавност. Јасно е дека немав право на таков начин да влетам на терен, но мојата емотивна реакција беше предизвикана од негативната состојба на грчкиот фудбал и сосема неприфатливите случувањата од финишот на натпреварот. Само сакам да ги заштитам илјадниците навивачи на ПАОК кои беа испровоцирани, сакав да спречам да нема човечки жртви. Верувајте, не сакав никаков контакт со судиите или со противничките фудбалери, дефинитивно никому не сум му се заканувал. За жал, моето семејство и јас сме заложници на незадравиот фудбалски естаблишмент. Се борам и ќе продолжам да се борам за здрав фудбал, фер судење и титулата шампион на Грција“ – порача Савидис.
Останува да се види реакцијата на грчките власти, кои веќе издадоа налог за апсење на мултимилионерот, како и казната што ќе му биде изречена на ПАОК за големиот инцидент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА