Писонеро: Задоволен сум како одигравме во одбраната

Давид Писонеро го освои првиот трофеј со тимот на Вардар, откако во Суперкупот на Македонија го совлада Металург со 24-26.

„Задоволен сум како течеше мечот. Ги пробавме сите играчи и ја остваривме целта. Истовремено, добија шанса и помладите играчи и најважно беше како ќе одиграме во одбрана. Тоа беше она што ме радува, дека се поставивме добро во одбраната. Обожавам да им давам шанса на помладите, ми се допадна како одиграа, беа добро освежување за тимот. Го гледам и вториот тим, каде има исто така млади играчи. Ќе добиваат сите минутажа, полека, но сигурно. Сега за нас следи меч со Порто, на кој сме целосно фокусирани и сакаме да победиме за нашите навивачи“, изјави Писонеро. 

Следен предизвик за Писонеро е првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите против португалскиот Порто.

 

Се вчитува...