Напаѓачот на Стоук, Питер Крауч вчера оствари нов рекорд во Премиер – лигата, откако влезе во игра како замена по 143. пат во неговата кариера. На тешкото гостување против Брајтон, 36-годишниот Англичнец во 73. минута го замени швајцарскиот репрезентативец Шакири, и го надмина рекордот на екс-напаѓачот на Њукасл, Шола Амеоби.
Поранешниот репрезентативец на Ангилја го израмни рекордот во претходното коло на мечот против Лестер, на истиот се запиша во листата на стрелци пет минути по неговото влегување. Вчера за жал не успеа да го постигне четвртиот гол за „Грнчарите“ во оваа сезона, па и двете екипи мораа да се задоволат со поделените бодови од конечниот резултат 2-2.
Екс-фудбалерот на Ливерпул пред неколку месеци се запиша во книгите на најелитното лигашко натпреварување на Островот како играч кој постигнал најмногу погодоци (50) со глава, со што искусниот Крауч влезе меѓу елитата во англискиот фудбал.
https://twitter.com/brfootball/status/932727475678822400
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА