Пивницата Бровар Лубиц ќе биде официјалната фан зона на македонските навивачи на Светското првенство во ракомет на кое нашите репрезентативци ќе настапуваат во Краков. Во истата постојано ќе има македонска музика која ќе биде пуштана од македонски ди-џеј.
Пивницата се наоѓа во Стариот Град, во близина на најпознатиот трговскиот центар во градот „Галерија Краковска“. До истата македонските навивачи можат да стигнат со трамвај доколку ги користат броевите 2, 4, 10, 14, 20, 44, 52, 62, 64 или автобус со броевите 124, 152, 424, 601, 605, 611, 662, 664.
И на овој голем ракометен собир се очекува голем број на македонски навивачи кои ќе бидат „ветар в грб“ за македонските ракометари на мечевите против Норвешка, Холандија и Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА