Пиза и Лацио без муниција во Серија А

Фудбалерите на Лацио не успеаја да слават на гостувањето против Пиза во 9. коло од Серија А, одигрувајќи натпревар без голови.

Имаа „лацијалите“ во првото полувреме шест шанси, но не искористија ниту една од нив, па во второто беа комплетно запрени од домашните на крај за 0-0.

Лацио сега е на 11. место со 12 бодови, додека Пиза е на 17-та позиција во Серија А со пет бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...