Европскиот првак Реал Мадрид во изминатите две години не трошеше премногу на трансфер – пазарот. Последни „големи трошења“ беа Герет Бејл (101 милиони евра) и Хамес Родригез (75 милиони евра), и оттогаш политиката малку се промени. Но, се чини дека во претстојниот летен преоден рок ќе има нови квалитетни засилувања на „Сантијаго Бернабеу“. Една од новите аквизиции треба да биде и Миралем Пјаниќ, фудбалерот за врска на Јувентус.
„Кралевите“ стигнаа до финалето на Лигата на шампионите и ќе ги одмерат силите со Ливерпул, но потфрлија комплетно во домашните натпреварувања. Флорентино Перез и Зинедин Зидан планираат реконструкција на дел од составот, а се чини дека потребни се свежи сили во средниот ред. Лука Модриќ има 33 години и токму Миралем Пјаниќ треба да биде неговиот наследник, со оглед дека пет години помлад и има одлична техника со која може да се вклопи во системот на Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА