Пјаниќ ќе му биде конкуренција на Елмас во Наполи?

Миралем Пјаниќ во 2020 година пристигна на „Камп Ноу“ како големо засилување за Барселона, но репрезентативецот на Босна и Херцеговина со него не успеа да ја пренесе и добрата фомра од Јувентус. Играчот од средниот ред бргу го загуби местото во клубот и за каталонците одигра само 30 натпревари на кои не успеа да постигне погодок, ниту да асистира.

Со оглед на финансиската криза која ја тресе Барселона, 31-годишникот сега мора да го напушти клубот, а секоја понуда ќе биде прифатена. Во текот на летото Пјаниќ беше поврзуван со враќање во Јувентус, меѓутоа овој трансфер отпадна, а сега италијанските медиуми го поврзуваат Босанецот со Наполи.

Тимот од Неапол е подготвен да го доведе поранешниот фудбалер на Метз, Лион, Рома и Јувентус на едногодишна позајмица, а со тоа македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе добие конкуренција за место меѓу почетните единаесетмина.

Се вчитува...