Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ е на чекор да потпс со Јувентус. Имено, Пјаниќ следната недела ќе се врати во Торино, а останува само Барселона и Јувентус да се договорат дали ќе има едногодишна или двегодишна позајмица.
Според „Мундо Депортиво“, Јуве е подготвен да ја преземе целата плата на Пјаниќ, а фудбалерот на БиХ е подготвен да се согласи на помалку пари отколку што заработува во Барселона. Тоа би значело дека ќе заработи околу шест милиони евра во Италија, а покрај него, Јуве се обидува да го доведе италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели од Сасуоло во средниот ред.
31-годишниот играч од средниот ред забележа 30 настапи во својата прва и единствена сезона во Барселона, но не беше во првите редови на тренерот Роналд Куман. Поради Јувентус, Пјаниќ ги одбива сите други понуди. „Спорт Италија“ наведува дека уште две понуди од неименувани клубови пристигнале на негова адреса во изминатите три дена, но дека играчот од средниот ред на БиХ рекол „не“ и ги одбил без премногу размислување.
Во наредните денови се очекува и официјална потврда за враќањето на Пјаниќ во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА