Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ е задоволен во Јувентус и дека не сака да го напушти италијанскиот гигант, пишуваат медиумите на Апенините.
„Дали сака да замине, не. Миралем е јасен по тоа прашање, тој сака да остане во Торино. Тој е среќен што игра во клубот, а неговиот квалитет е неспорен. Се говори дека е во контакт со Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити, но тој е верен на Јувентус и неговото место е тука“, пишува во италијанските медиуми.
Пјаниќ во Јувентус дојде oд редовите на Рома во 2016 година, а во дресот на „старата дама“ забележа 91 настап и постигна 19 гола и забележа 36 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

