Миралем Пјаниќ по истекот на позајмицата во Бешикташ се врати во редовите на Барселона, но за него таму нема место па е во очекување на новата средина.
За неговите услуги е заинтересиран саудискиот клуб Ал Наср, но репрезентативецот на Босна и Херцеговина сака да одигра уште една сезона на врвно ниво па понудата од 8 милиони евра не е прифатлива.
А, како што пренесуваат шпанските медиуми, постои можност искусниот играч од средниот ред да се врати во Лион чии бои ги бранеше од 2008 до 2011 година и од каде што ги диктираше патот до трансферот во Италија. Пјаниќ за францускиот клуб одигра 120 натпревари на кои постигна 16 гола и 20 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА