Пјаниќ се враќа во Италија, но не во Јувентус?

Миралем Пјаниќ пристигна во редовите на Барселона како големо засилување за каталонскиот тим, но репрезентативецот на Босна и Херцеговина одигра далеку од очекувањата. Играчот од средниот ред брзо го загуби своето место во тимот, а со оглед на финансиските потешкотии на клубот и нема да добие втора шанса на „Камп Ноу“.

За потписот на 31-годишникот се заинтересирани неколку клуба од „Островот“, се споменуваше и можно враќање во Јувентус, но според последните информации од медиумите во Шпанија оваа опција веќе не е во игра и Пјаниќ е се поблиску до потпис со Интер.

Миланскиот клуб кој исто така се соочи со финансиски проблеми се обидува да состави конкурентен тим и за сезоната која следи во која ќе ја брани шампионската титула, а по најавеното заминување на Ериксен, клубот ги сврте погледите кон Босанецот.

Ваков трансфер би бил во прилог на двата тима и на играчот. Со тоа Барселона би добила големо олеснување во платата на играчите, Интер би добил играч од врвна класа за ниска сума, а Пјаниќ повторно би заиграл првотимски фудбал.

Се вчитува...