Пјаниќ: Со Сари имавме еден голем проблем…

Маурицио Сари немаше доверба во своите играчи и се сомневаше во нивната професионалност, тврди Миралем Пјаниќ, според кого токму тоа беше главниот проблем поради која екс-тренерот на Наполи и Челси не успеа како предводник на најтрофејниот италијански клуб. Сари остана само една година на клупата на “Старата Дама”, стигнувајќи до деветтото скудето во низа, но не оправдувајќи ги очекувањата поради променливите игри на тимот и прераната елиминација во ЛШ, во осминафиналето од францускиот претставник Лион.

Сари не им веруваше на своите играчи” – открива Пјаниќ, кој летово се пресели во таборот на Барселона.

“Лошо ги проценуваше луѓето. Секој играч го даваше максимумот за екипата. Може да не се согласувате со еден или двајца, но тоа никогаш не влијаеше на желбата за победа. Се работи за професионалци. Но, ако тренерот тоа го доведува во прашање, тогаш нема тимски дух. Никој не се сомнева во тренерските способности на Сари, но постоеше проблем” – истакна Босанецот.

Пјаниќ во летониот преоден рок го напушти Јувентус и премина во екипата на Барселона каде потпиша договор до летото 2024 година.

Се вчитува...