Миралем Пјаниќ во 2020 година премина од редовите на Јувентус во Барселона, но не успеа да ги оправда очекувањата во каталонскиот тим. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина не доби ни премногу шанса да се наметне, а шпанските медиуми веќе го отпишаа откако младиот Педри беше промовиран во командант на средниот ред на Барса, но и на шпанската репреентација на ЕВРО 2о20.
Сепак, искусниот играч за врска останува во фокусот на големите клубови, а како можна следна дестинација на 31-годишникот се јавуваат Челси, ПСЖ и Јувентус.
Лондонските „сини“ претходната сезона ја освоија Лигата на Шампионите, а Томас Тухел не планира да застане тука. Германскиот стратег најави битка за титулата во англиското првенство, но за тоа му треба поширок состав и засилувања во средниот ред. Трансфермаркт го проценува Пјаниќ на 20 милиони евра, а оваа цифра не треба да претставува проблем за Англичаните.
Не се исклучува и враќање на репрезентативецот на БиХ во редовите на Јувентус каде помина четири сезони. Пјаниќ имаше беспрекорна соработка со Масимилијано Алегри со кој освои три титули во Серија А, но проблем за „црно-белите“ може да се финансиите па клубот ќе се обиде да го доведе играчот на позајмица.
ПСЖ пак по дебаклот во француското првенство каде ја изгуби титулата ќе мора да се засилува со искусни играчи доколку сака да ги задржи Мбапе и Нејмар во своите редови на подолги стази. Покетино веќе го доведe Џини Вајналдум, а сега погледите се насочени кон Босанецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА