Оскар Пјастри стигна до пол-позиција за спринт трката за големата награда на Катар откако беше најбрз на денешните квалификации. Од првиот ред со него ќе стартува возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.
Лидерот во генералниот пласман Ландо Норис ќе стартува од третото место, а од вториот ред со него ќе тргне Фернандо Алонсо во Астон Мартин. Двоецот на Ред Бул, Јуки Цунода и Макс Ферстапен ќе тргнат од третиот ред, а во топ 10 се најдоа уште и: Антонели, Сајнц, Леклер и Албон.
Луис Хамилтон повторно се посрамоти откако не успеа да го помине К1 и на крајот заврши на 18. позицја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

